Почетна / Сапуници / Љубовната сапуница „Потрага“ од понеделник до петок на Канал 5

Љубовната сапуница „Потрага“ од понеделник до петок на Канал 5

Тарик Караџај e богат и моќен бизнисмен, чиј живот се менува по убиството на неговата сакана сестра. За да ја одмазди смртта на сестра си и да ја врати честта на фамилијата, тој ќе мора да го пронајде убиецот и да наплати за гревот што е сторен.

Трагите го водат до Сефир, млад и сиромашен човек кој живее заедно со својата сестра Елиф. Но, кога Тарик доаѓа во нивниот дом, таму ја наоѓа само невината и мила Елиф. Таа се колне дека нејзиниот брат е невин, но Тарик е бесен и гневен, решава да ја киднапира, како мамка за нејзиниот брат Сефер.

Држејќи ја Елиф заробена, Тарик очекува да го скрши нејзиниот дух сè додека не се сврти против својот брат. Но, младата заробеничка која сè посветила на своето семејство, има сила да оди до крај за да го заштити Сефер, затоа што таа длабоко во себе верува во невиноста на брата си.

Заробена, гладна, жедна и малтретирана, за младата девојка следуваат тешки денови во конакот на семејството Караџај. Токму таму, нејзината жртва ќе сведочи и за една невозможна љубов помеѓу неа и Тарик, родена од желбата за крвава одмазда и потрага по вистинскиот убиец.

Од понеделник до петок во 19:45 часот – приказна за љубов што се раѓа од сенките на минатото.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат нови сезони од импресивната „Шербет од брусница”

За обоавателите на Шербетот, следуваат новите сезони од безвременската љубовна сага за Доа и Фатих. …

error: Содржината е заштитена!