Почетна / Сапуници / Љубов и мистерии во новата вечерна драма на Прва Скопска ТВ

Љубов и мистерии во новата вечерна драма на Прва Скопска ТВ

Нова детективска мелодрама од понеделник до петок на МТМ (Прва скопска) телевизија во 22 часот. Кирсанова – мистериите на малото гратче прикажува една возбудлива приказна исполнета со многу љубов, тајни и непредвидливи заплети.

Дејството започнува кон крајот на 19 век во Санкт Петербург и ја следи животната приказна за Лариса Кирсанова. Младата девојка доживува непријатно изненадување кога на денот на нејзината свадба, од непозната причина ќе исчезне нејзиниот свршеник.

Нејзината судбина продолжува во Бугарија, на фронтот на руско турската војна, каде Киршанова работи како медицинска сестра и им помага на војниците. Веднаш по завршување на војната, таа се сели кај својата тетка во едно мало гратче од кога започнуваат и вистинските проблеми.

Се вработува како наставничка по математика во локалната женска гимназија и се обидува да го најде одговорот за исчезнувањето на нејзиниот сакан. Во потрага по вистината, девојката ќе мора да се избори со сите тајни кои ја окружуваат, но и даде шанса за нова љубов во новото место.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова руска љубовна мелодрама во 22 часот на МТМ телевизија

Дејството започнува во 1916 година, кога Надја Перегудова се согласува да се омажи за богатиот …

error: Содржината е заштитена!