Почетна / МК Сцена / Валдера со нова песна „Она што ми треба“ – љубовна рок експлозија

Валдера со нова песна „Она што ми треба“ – љубовна рок експлозија

Младиот, харизматичен и секогаш позитивен македонски поп изведувач Влатко Иљачев – Валдера, повторно ја изненади домашната публика со нова авторска песна насловена „Она што ми треба“. Песната, како што и самиот Валдера открива, е целосно негова авторска работа, снимена и продуцирана во неговото музичко студио „Вавилон“.
„Ова е песна што ја напишав од срце, инспириран од идејата дека во животот можеме да имаме сè – успех, слава, пари – но ако ја немаме личноста што ја сакаме, сè останато станува безвредно“, вели Валдера.

„Она што ми треба“ претставува енергична рок љубовна балада, препознатлива по Валдериниот вокал, неговиот искрен израз и позитивна енергија. Песната комбинира современ поп звук со јасно изразен рок карактер, со што создава свежо и радиофонично звучење. По успешниот настап на „Макфест“ со песната „Сега збогум“, која остави силен впечаток кај публиката и критиката, Валдера сега носи нешто побрзо и поенергично – песна што, како што тој вели, е „идеална за возење низ град со отворени прозорци и насмевка“.

Со заразен ритам, силна емоција и топла порака, „Она што ми треба“ е песна што веднаш ќе ви се залепи за уво. Има нешто автентично македонско во начинот на кој Валдера ја интерпретира љубовта – искрено, без филтри и со вистинска душа. Песната е придружена и со визуелен материјал во подготовка, за кој Валдера повторно сам ја презема режијата и монтажата, продолжувајќи го својот препознатлив уметнички потпис.

„Публиката ме инспирира постојано да создавам. Се надевам дека „Она што ми треба“ ќе допре до секој што некогаш почувствувал дека љубовта е најважното нешто во животот. И да, искрено – се надевам дека ќе биде хит!“, вели Валдера со насмевка.
Со „Она што ми треба“, Валдера уште еднаш потврдува дека е еден од најталентираните и најконзистентни современи македонски изведувачи. Песната го продолжува неговиот препознатлив стил – емоција, енергија и искреност – три нешта што ја прават неговата музика препознатлива и жива.
Додека сите со нетрпение го очекуваме видео записот од Валдера на новата песна „Она што ми треба“, со задоволство Ви препорачуваме да ја слушнете и на свој начин да ја доживеете оваа негова најнова песна.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!