Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Сабота навечер на српските тв е борба меѓу шоу формати

Сабота навечер на српските тв е борба меѓу шоу формати

Од минатата недела, на српските телевизии е вистинска гладијаторска борба меѓу најголемите српски телевизии. Имено, прајмтајмот во сабота навечер е во главно резервиран за познатите музички шоу формати.

Па така, на Прва телевизија се емитува нова сезона од “Звезде Гранда”, а на Пинк – нова сезона од “Пинкове звезде”. Најголемите српски ѕвезди се дел од жирито во двете шоуа, па така за гледачите е тешко да се одлучат на која телевизија ќе ѝ ја дадат довербата во сабота.

На Хепи пак оди сапунски блок од неколку турски серии и редовната дебатна емисија за актуелните случувања.

На македонските гледачи, пак, изгледа не им е воопшто тешко да се одлучат кому ќе ја дадат довербата за разлика од Србите – кај нас, конкуренција како да нема. Освен една телевизија на која се емитува шоуто на Гранд, на другите приватни телевизии одат репризи од турски серии и репризи од српскиот “Проводаџија”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гранд и историска драма – Босанците гледаат премиери и сабота навечер

Не само хрватските, албанските, бугарките и српските телевизии. Дури и босанските телевизии изобилуваат со премиерна …

error: Содржината е заштитена!