Петок (29 август) и сабота (30 август) на сцената на Долни Сарај во Охрид ќе се одржи 32. издание од фестивалот “Охрид Фест”, или познат народски како Охридски Трубадури.
И оваа година ќе видиме доста познати пејачи од македонската естрада како што најави Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на фестивалот.
Горан Тодоровски, Мишко Крстевски, Благица Павловска во дует со Жаклина, група „Чардак“, Кирил Белистојановски, Петар Нечовски, Татјана Стефановска, Драган Николовски Даце, Нино Величковски, Милован Секуловски, Лазе Јанкуловски, Софија Пуровска, Ивана Серафимовска се учесниците во фолк вечерта која ќе се одржи во петок.
Во ревијалниот дел ќе настапат Сузана Спасовска и Благоја Грујовски кои се присутни на Охрид фест подолго време. Благоја Грујовски ќе настапи со песната „Ноќва Охрид не спие“ која беше победничка на минатогодишниот фестивал , а Сузана Спасовска ќе настапи со песната „Невеста охридска“ која за првпат ќе слушнеме на сцената на „Долни сарај“.
Во сабота, пак, на поп вечерта ќе ги гледаме и слушаме новите композиции на Ивона Јо, Благој Маротов, Наталија Данаилова и други помалку познати пејачки имиња. Во ревијалниот дел ќе настапи Принцот од Врање кој ќе ја изведе српската евровизиска песна од оваа година.
Специјален гостин ќе биде Оливер Мандиќ, кој ќе добие награда за безвременски хит, како и познатиот менаџер Рака Мариќ од Сараево, кој ќе биде одликуван со награда за особен менаџерски придонес во популарната музика.
Пренос на двете вечери ќе врши Алфа телевизија.
Дани | ТВ Пакет