Почетна / МК Сцена / Група Круна ја објави емотивната патриотска песна „Ние сме Македонци“

Група Круна ја објави емотивната патриотска песна „Ние сме Македонци“

На 2 август, Илинден, симболот на македонската непокорност и слобода, Група Круна ја претстави својата најнова песна „Ние сме Македонци“, дело што го возбуди срцето на народот и ја разбуди емоцијата што одамна чекаше да биде искажана. За само неколку дена, песната предизвика лавина реакции и речиси 8.000 прегледи на YouTube, со коментари полни благодарност, солзи и гордост.

Ова не е обична песна. Ова е крик од душата, глас на цел еден народ, приказна за идентитет, чест и љубов што се пренесува низ генерации. „Ние сме Македонци“ е звучна химна на припадноста, музички аманет за иднината, и емотивна почит кон минатото.

Автор на текстот е Орце Стефковски, чии зборови полни со љубов и решителност ве оставаат без здив. Џељо Дестановски и Горан Мирковски стојат зад музиката, миксот и мастерингот, а аранжманот е збогатен со зурла, кавал и тапан што го носат духот на Македонија низ вековите. Тамбурите на Христо Јаневски ѝ даваат на композицијата огнена душа – силна, дива и горда, како Македонија.

Видеоспотот, дело на Арт Студио Продукција и Балкан Мјузик телевизија, е снимен на неколку од најзначајните и најсвети локации за македонската историја: Баргала (Штип), Спомен-куќата на Кочо Рацин и Споменикот на Гемиџиите (Велес), Македониум и Мечкин Камен (Крушево) и Манастирот Трескавец (Прилеп). Секоја сцена носи симболика, длабока врска со народот и приказна што не се заборава.

Ова е глас на сите Македонци, без разлика каде се наоѓаат. Ова е наше огледало, наш аманет, наш отпор и наш идентитет“, велат од Група Круна.

Во време кога зборовите чест, припадност и идентитет добиваат сè подлабоко значење, оваа песна доаѓа како одговор, потсетник и инспирација. За нашите предци. За нас денес. И за оние што доаѓаат. Погледнете го видеото и почувствувајте ја Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!