Почетна / Серии / „Ц.И.А. Берлин“, премиерна американска серија на малите екрани

„Ц.И.А. Берлин“, премиерна американска серија на малите екрани

Американска серија која ќе ве држи будни во доцните часови ова лето. Неверојатни шпионски игри и пресврти од кои запира здивот.

Серијата го следи тајниот агент Даниел Милер, кој е повикан во ЦИА станицата во Берлин со цел да открие кој изнесува доверливи информации до разоткривачот Томас Шо. Во берлинската станица, Даниел ќе треба да се справи со кртовите, да ги спречи потенцијалните опасности и да ги направи моралните компромиси кои се неопходни.

Откако ќе го среди овој случај, во наредните епизоди ќе гледаме како тој ќе треба да се инфилтрира во крајно десничарска германска политичка партија за која се верува дека планира терористички напад непосредно пред претстојните избори.

Акција, непредвидливи ситуации и врвни игри од интерес нѐ очекуваат од понеделник до петок во добропознатиот полноќен термин, веднаш по завршетокот на трилер драмата “Пресуда”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српската трилер серија „Позив“ секоја недела на МРТ 1

Аница Рељиќ, поранешна полициска инспекторка која сега работи во кол-центар, добива повик од Соња Тошиќ, …

error: Содржината е заштитена!