Почетна / Забава / Тин ѕвездата Војаж со концертен настап на 19 јули во Битола

Тин ѕвездата Војаж со концертен настап на 19 јули во Битола

Битола ќе пулсира со нов ритам на 19 јули, датум што веќе е впишан во музичкиот календар како денот кога Војаж конечно пристигнува со свое големо шоу во срцето на градот, односно на Ракометното игралиште.

Војаж, најгласниот, најстримуваниот и најследениот артист на новата генерација, со армија фанови ширум Балканот, со милионски прегледи на дигиталните платформи и со репутација на артист кој поставува нови стандарди, пристигнува во Битола со целосно авторско шоу, подготвено по највисоки сценски, визуелни и продукциски стандарди.

Тој е симбол на новото време и артист кој ја спојува уличната култура со современата музичка продукција, а неговите песни не се само хитови, тие се гласови на генерацијата која расте во свет без граници, но со јасна визија.

Сет-листата ќе ги опфати најголемите негови хитови, меѓу кои „Гад“, „Лалала“, „Танго“ кои веќе одамна се дел од колективната меморија на младата публика. Секоја песна е приказна, а секој концерт искуство кое ќе се памети.

На една сцена – музика, визуелно лудило, енергија што гори до последниот рефрен и публика што ќе вибрира до самиот крај.

Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Brothers Tobacco на Широк Сокак.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска филхармонија го отвора 65. издание на „Охридско лето“

Со концерт на оркестарот на Македонската филхармонија на 12 јули во 21 часот на сцената …

error: Содржината е заштитена!