Почетна / МК Сцена / Лозано сними видео запис за „Ако не сум тој“

Лозано сними видео запис за „Ако не сум тој“

 

Ексклузивецот на План Б продукција и наш годинешен претставник на „Евровизија“, Влатко Лозаноски – Лозано деновиве го заврши снимањето на видео записот за баладата Ако не сум тој, која се наоѓа на неговиот втор албум „Преку седум мориња“, а е авторско дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски. Мавровското езеро и стан во Скопје се двете локации на кои се работеше спотот чии што први кадри беа снимени во текот на летото.

 

 

Ако не сум тој е една од моите омилени песни од вториот албум и задоволство ми е што баладата ќе добие и своја видео приказна. Сигурен сум дека тимот на Егзит Б Продукција ги долови емоциите кои преовладуваат во песната и мислам дека крајниот производ ќе и се допадне на публиката“, изјавува Лозано.

Видео записот ќе биде промовиран за неколку дена, а покрај снимањето на спотот Лозано деновиве активно се подготвува за претставување на песната пред македонската јавност која тој и Есма ќе ја испеат на „Евровизија 2013“ во Малме, Шведска.

 

{gallery}022013/vlatko{/gallery}

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!