Почетна / МК Сцена / Владо Јаневски во Охрид – концерт на 10 август во „Антички театар”

Владо Јаневски во Охрид – концерт на 10 август во „Антички театар”

После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт на еден од дефинитивно најубавите простори во нашата држава – „Атнички театар” – Охрид. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од единствената и уникатна музичка приказна која на 10 август, во организација на „Прагма продукција”, ќе ја подготви Владо Јаневски.

Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката.

На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја.

Дека ќе присуствуваме на еден исклучителен музички настан, говори и големиот интерес за овој концерт, затоа што публиката не можеш да ја излажеш, посебно не 30 години колку што трае Јаневски. Вели дека годините и искуството го научиле дека ако сакаш да го насмееш Господ, само кажи му што планираш”, а Владо Јаневски тоа добро го знае.

Затоа, погрижете се навреме да си обезбедите влезница, бидејќи за неговите концерти секогаш се бара карта повеќе. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!