Почетна / МК Сцена / Домашни и странски дизајнери на вториот ден на Моден викенд 13

Домашни и странски дизајнери на вториот ден на Моден викенд 13

 

Домашни и странски дизајнери на вториот ден на Моден викенд Скопје 13

Студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, модната куќа „Линеа“, „Elezi Paris“, Тијана Младеновиќ и Ирина Тошева ги прикажаа најновите колекции на вториот ден на тринаесеттиот Моден викенд Скопје, вчеравечер во салонот „Порше Македонија“.

 

„Шари и текстури“ е насловот на годинашната тема со која се претставија студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Република Македонија. Идејата дојде преку актуелните тенденции кои се значајни во однос на дизајнот на текстил и кои во сите временски сезони се актуелни и модерни. Уникатноста на моделите на студентите освен во кројната база и моделирање, автентичноста ја акцентираат и со апликација на дизајниран материјал кој како основа е создаден со различни техники на везење, сликање, дигитален печат и многу други техники.

 

Македонскиот моден бренд „Линеа“ се претстави со колекција за сезоната пролет/лето 2016 која содржи пет различни теми: City lights, Bubble Trouble, Golden Fever, Summer Mood и Denim Flowers. Сите креации се со различни принтови и претежно пастелни бои. Моделите се достапни во салоните во Скопје, Кавадарци и Штип.
Флора Елези која ја потпишува етикетата „ Elezi Paris“ а најновата колекција се состои од лични чекори и го поврзува Париз со Балканот. „Изворот на инспирацијата се појавува од женската сила бидејќи секоја жена се соочува со широк спектар на дизајнирани модели и на тој начин ја претставува својата личност“, вели Елези која живее во Париз и за прв пат се претстави на Моден викенд Скопје.

 

Ново име на Моден викенд Скопје е и српската дизајнерка Тијана Младеновиќ со колекцијата „Shinigami“ инспирирана од јапонската митологија и духот на смртта. Поради тоа креациите се во црна и сива боја и наликуваат на кимона. Младеновиќ во Скопје дојде преку соработката на Моден викенд Скопје со српската модна организација БАФЕ.
За крај на втората вечер испратена со музиката на „Архангел“ се одржа ревијата на Ирина Тошева поддржана од My:Time и Министерството за култура на РМ. Во новата колекција пролет/лето ’16, Ирина Тошева нуди ново читање на ризницата на национални ракотворби. Во соработка со архитектот Никола Кунгуловски, колекцијата ја екстрахира геометријата на највпечатливите везови од минатите столетија. Користејќи ги најновите технологии за тродимензионално печатење се прави вистински превод на совршените, но и груби текстури од историјата на нашата мода. Изработката на колекцијата е овозможена од MK3D
За шминката на манекенките се погрижи официјалниот мејкап партнер „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски и неговиот тим а за фризурите „Lakme“ во соработка со Едукативниот центар „Кариера Плус“.

 

Пелистерка и Моден викенд – Скопје, сезонава се обединија за поддршка на Здружението за борба против рак „Борка“ – за секој нов ден, во остварување на следите заеднички цели: Поддршка за Алијансата на пациентски организации (АПО), прогласувањето на година за борба против ракот во Р.Македонија, третманот на малигните заболувања да стане приоритет во здравствениот систем и подготовката на Национална стратегија за борба против малигни заболувања 2016 – 2020 година.

Генерален покровител и официјална вода на настанот е минералната вода „Пелистерка“. Официјален кафе-партнер на тринаесеттиот Моден викенд Скопје е „Гранд Кафе“. Официјален дерма бјути партнер е „Vichy”. Официјално возило на настанот е „Porsche“, официјално вино е „Chateau Sopot “ , шампанско “Moet” а официјална водка „Finlandia“. Партнер кој се грижи за нашето здравје „Merz“. „Ла Тана“ – новиот ресторан за свадбени веселби е нашиот стар кетеринг партнер. Проектни партнери: „My:Time“, „Pakomak“, „Lotus Lounge Chair“, „Баргала“, „ Хотел Арка“, „МДН обезбедување“, „Concept 37“ и „LamiForm“.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и …