Почетна / Сапуници / „За семејството“ завршува во Турција; дали воопшто ќе продолжи кај нас?

„За семејството“ завршува во Турција; дали воопшто ќе продолжи кај нас?

Популарната серија “За семејството” која во центарот на дејството ги опфаќа животните борби и предизвици со кои се соочуваат младите тинејџери, доаѓа до големиот крај во матичната земја.

За две седмици во Турција ќе биде емитувана последната епизода од серијата (133 болум) со што се става крај на семејната сага која неколку години успешно се емитува, односно четири сезони.

Пред неколку месеци, серијата започна со прикажување и во соседна Србија на телевизија Хепи каде оди во термините од 14 часот и репризно на полноќ.

Во Македонија повеќе од половина од серијата беше прикажана на Канал 5, но веќе една година не се емитува на оваа фреквенција.

Кај нас не беше ни прикажана до крај третата сезона од серијата.

Прекината е со емитување на почетокот на април минатата година, а од тогаш ни трага ни глас ни било каква најава за евентуално продолжување на нова сезона.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачни игри | Ве запознаваме со Серген од новата хит серија

Серген Гунај е успешен бранител. Тој е добар татко, особено е приврзан за своите деца. …

error: Содржината е заштитена!