Почетна / Сапуници / Крај на сезоната од „Неверство“ – повторна дружба од есен
Асија (во средина), неверниот сопруг Волкан (десно) и љубовницата Дерин (лево)

Крај на сезоната од „Неверство“ – повторна дружба од есен

Вечерва на Сител телевизија ќе биде емитувана последната епизода од првата сезона на хит серијата “Неверство”. Време е да ги испратиме Асија, Волкан, Али, Дерин на годишен одмор за од есен да ги дочекаме во нови уште подраматични продолженија со следната сезона.

Приказната за една моќна жена пред која и мажите и жените се поклонија заминува на пауза. Погледнете го крајот на сезоната од приказната за Асија, храбрата жена која почувствува предавство и намириса неверство, свесна за она што го поседува и желна за тоа што треба да ѝ припадне.

Што ќе направи Волкан за да ги врати Асија и синот, а како ќе реагира љубовницата на неговите чувства кои ќе губат сè повеќе контрола?

Бидете со Сител и до повторно видување, уживајте во новите драмски серии секоја вечер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија, турските серии одат и сабота и недела на националните тв

Српските телевизии убедливо водат по број на емитување на турски серии во целиот регион. Па …

error: Содржината е заштитена!