Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Стартува новата сезона – од вечер Цеца е дел од „Ѕвездите на Гранд“

Стартува новата сезона – од вечер Цеца е дел од „Ѕвездите на Гранд“

Новата сезона на „Ѕвезда Гранда“ започнува оваа сабота, 18 септември, на Прва српска телевизија, Канал 5 и ТВ Нова БиХ, а веќе владее огромен интерес од публиката за првата емисија од оваа сезона.

Речиси сите чекаат да видат како новата членка на жирито, Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе се справи со веќе добро координираната екипа, додека други со нетрпение чекаат да ја дознаат позадината на нејзиниот конфликт со Мили, кој ескалираше при првото снимање.

Сепак, не е само првата епизода што е толку возбудлива. Во студиото на Гранд на Кошутњак, снимањето во голема мера е во тек, а на реновираната сцена во првиот круг ќе бидат претставени нови лица, нови таленти и прекрасни вокали.

Дури 210 нови кандидати ќе пејат пред стручното жири, додека 40 кандидати од минатата сезона ќе им се придружат во една од следните рунди.

Она што е интересно и ново е дека од оваа сезона, членовите на жирито нема да можат секогаш да изберат кој натпреварувач ќе го прифатат во нивниот тим затоа што Саша Поповиќ ќе ја има решавачката улога. Само кандидатот што ќе ги добие сите 6 „ДА“ може да избере ментор. Останатите со 5, 4 или 3 гласа се препуштени на одлуката на Поповиќ во чиј тим ќе завршат.

Расправии, судири на мислења и непланирани дебати на големите sвезди во жирито се составен дел од ова шоу, кое се смета за едно од најгледаните на Балканот и тоа со децении. Многутте искрени коментари на членовите на жирито упатени до кандидатите и оваа сезона нема да ве остават рамнодушни, а водителскиот тандем и овојпат ќе ве примами да бидете покрај малите екрани.

Забавата може да започне. Секоја сабота на Канал 5 во 20.15 часот се забавуваме со новата сезона од “Ѕвездите на Гранд”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Топ тема“ се враќа на Телма со нова сезона 2021/2022

Од понеделник (27 септември) на телевизија Телма започнува новата сезона од познатата политичко дебатна емисија …

error: Содржината е заштитена!