Почетна / Серии / Со „Малите мачиња“, дечињата ќе се забавуваат и ќе учат на Сител

Со „Малите мачиња“, дечињата ќе се забавуваат и ќе учат на Сител

За многумина позната од францускиот кабловски Nick Jr.канал, но сега и на фреквенцијата на Сител телевизија. Секое викенд утро, во рамките на детскиот Банбини блок, ќе се емитува анимираната серија за малите мачиња, надсинхронизирана на македонски јазик.


Серијата ги следи Куки, Пудинг и нивната помала сестричка Кенди. Овие мачиња сакаат да играат, да јадат слатки и да истражуваат за работите околу нив.

Секој ден нивниот испитувачки ум ги води трите мачиња во нови авантури. Со мудрите совети на нивните грижливи родители, мачињата ги решаваат сите проблеми и сè секогаш завршува добро.

Малите мачиња под грижа на нивните родители учат како да размислуваат и да донесуваат одлуки, да сочувствуваат и да бидат пријатели. На тој начин, тие се обидуваат да го направат светот подобро место за нивното семејство и пријателите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

error: Содржината е заштитена!