Почетна / Серии / Пред летните одмори, потсетување на „Фитнес“ на МТМ телевизија

Пред летните одмори, потсетување на „Фитнес“ на МТМ телевизија

Репризно емитување на рускиот ситком. Од понеделник, 9 мај во 21.50 часот, со повторна реприза на епизодата ноќта во 00.50 часот и наредниот ден во 16.50 часот на прва скопска МТМ.

Повторна смеа и забава. Што се случува кога една девојка со поприлично вишок на килограми, ја губи самодовербата?

Нејзиното момче ја остава на свадбата, а таа е решена по секоја цена да му докаже нему, но и на себе дека може да ослабе. Затоа решава да вежба, но за тоа треба пари. А нашата Асија ги нема. Па, затоа на памет ѝ паѓа една одлична идеја – да се вработи како фитнес инструктор и така да вежба бесплатно.

Згодите и незгодите во фитнес центарот, следете ги на малите екрани. Оставете ги слатките и фатете се за теговите!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

error: Содржината е заштитена!