Почетна / Забава / Евровизија / Австрија на Евровизија

Австрија на Евровизија

16/43

 АВСТРИЈА

Изведувач: Trackshittaz
Песна: ‘Woki mit deim Popo’
Прво полуфинале (22/05/2012)

 

Австрија веќе 45 години учествува на овој музички натпревар, и покрај солидните резултати во првата деценија на учество, таа последниве години и не може да се пофали со многу сјајни резултати. Воедно, минатата година по четири години пауза тие се вратија со прекрасната Надин која успеа да влезе во финалето, но таму беше потценета, па заврши на 18-то место. Годинава очигледно не се обидоа да го задржат квалитетот од минатата година. Тие на 24-ти февруари на национален избор од 10 изведувачи го одбраа хип хоп бендот Trackshittaz и песната Woki mit deim Popo. Според мене, ова покрај Грузија се годинешниве (засега) најлоши песни, па ќе видиме дали за некое чудо ќе влезе во саботното финале, но навистина се сомневаме во тоа.

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија се враќа на големата евровизиска сцена во 2026 година

Додека траат расправиите околу учеството на Израел на Евровизија 2026 во Виена, со прекинот на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!