Криминалистичкa трилер серија во која двата главни лика, Ив (Сандра О) и Виланел (Џоди Комер), го носат жанрот на сосема ново ниво.

Ив е агентка што сонува да биде шпионка, но е заглавена во канцеларија и секојдневно се досадува. Таа не само што е неверојатно интелигентна и исклучително талентирана за криминално истражување, туку исто така и ѝ се воодушевува на „работата“ на убијците.

Не постои ништо што би ја згадило, баш напротив, колку е погрозоморно делото, толку таа е пофасцинирана.

Од друга страна, ја имаме и Виланел, која на прв поглед изгледа нежно, невино и прекрасно. Но, тоа што не можете да го забележите од нејзината надворешност е дека е безмилосен убиец. Таа е психопат каков што досега не сме имале можност да видиме и додека ја гледаме како ги лови и убива своите жртви, ќе не лазат морници по целото тело.

Ив и Виланел ќе ја играат играта „глушец и мачка“, ловејќи се една со друга и прашувајќи се која ќе го преземе првиот чекор.

Oд понеделник до четврток на Фокс, премиерно – “Killing Eve”, британска шпионска драма во 24 епизоди.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
