Почетна / МК Сцена / За јубилејот, Јордан Митев најавува нов албум и голем концерт

За јубилејот, Јордан Митев најавува нов албум и голем концерт

Јордан Митев, ја промовира својата нова песна „Жена за 100 години“. Како и сите останати песни, така и оваа е комплетно авторско дело на Митев, а токму тоа што тој е креатор на целиот негов авторски репертоар.

За песната допрва ќе се сними и видео запис. Инаку Јордан Митев оваа година заокружува и 15 години од опстојувањето на фолк сцената и по тој повод некаде во втората половина од 2020 година планира да одржи голем концерт. Освен најавата за јубилејните концерти, оваа година Јордан го завршува и студискиот албум кој поради јубилејот одлучи да биде финализиран токму  оваа година.

https://www.youtube.com/watch?v=AHK2tBc8MiI

Се очекуваат уште 4 нови песни и со тоа албумот ќе е готов, а носечка песна на истиот ќе биде „ Наздрави за љубов, наздрави за среќа“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!