Почетна / Серии / Играно документарниот серијал „Кодот на Исус“ празнично на Сител

Играно документарниот серијал „Кодот на Исус“ празнично на Сител

Сител телевизија премиерно нѝ ја носи најновата телевизиска продукција за Исус Христос. Шест-делна играно документарната програма за животот и смртта на Исус нѐ носи на емотивна и и фасцинантна авантура од неговото раѓање па сѐ до смртта, преку приказ на неговите дела, фамилија, пријатели и следбеници чии приказни ја променија историјата.

Нов интригантен поглед на сториите од Библијата со поглед на страст, политика, ривалство и конфликт, прикажувајќи ни го карактерот на Христос на начин на кој што не сме го виделе порано. Сензационални нови откритија, наука, археологија и предизвикувачка детективска активност ги откриваат најголемите мистерии од Библијата токму во серијата “Кодот на Исус”. Кои беа браќата и сестрите на Исус и зошто тие се отфрлени од историјата?

Дали Јован Крстител е негов братучед и дали неговите коски би ја содржеле ДНКта на Христос? Дали Марија Магдалена била грешна проститутка или потполно нешто друго? Одговор на овие, а и на многу други прашања открива празничната програма на Сител за животот на Исус Христос и животите на сите оние на кои влијаел. Следете го “The Jesus code” во 23.30 часот во следниве празнични денови :

Петок (26 април) – прв дел
Сабота (27 април) – втор дел
Недела (28 април) – трет дел
Понеделник (29 април) – четврт дел
Сабота (4 мај) – петти дел
Недела (5 мај) – шести дел

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома, видим твог живота део склапам очи и тешим се да си …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!