Почетна / Телевизија / Магична Бадникова ноќ со концертното шоу на Каролина на 1 ТВ

Магична Бадникова ноќ со концертното шоу на Каролина на 1 ТВ

Проектите на новосоздадени етно песни со модерен звук и прилагодени на новото време дефинитивно ја вивнаа единствената Каролина Гочева на пиедесталот на музичката сцена. Од таа причина и чувствувајќи го пулсот на публиката, 1 ТВ одлучи најдоброто да го имаат на својата програма за Бадниковата ноќ. Денот, кога целото семејство е собрано заедно и е во исчекување на паричката за среќа и бериќет, 1 ТВ ни нуди волшебно друштво со Каролина и нејзиниот бенд.

Бели цветови, Вези вези, Ѕвона, Чалгиска, Две лири… се само дел од песните со кои ќе уживаме на 6 јануари од 21 часот на 1 ТВ. Македонскиот уникатен супербренд ќе приреди задоволство за целото семејство со звуците кои симболизираат чаршиска раздвиженост, женски копнежи и чалгиски оригинален музички израз.

Бадник на праг
гори оган, дома сум јас.
Светат светла под сите прозори ко ден
а јас светам само за тебе
добри луѓе леб двојат и за другите
и се леат песни од срце
Ѕвонат ѕвона
од љубов, љубов голема
љубов која не престанува
Божиќ е пак
свети ноќта, дома сум јас.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниедна нова серија или филм во новата ТВ сезона на ТВ 24

Пред десетина години, Телевизија 24 амбициозно настапи на македонската телевизиска сцена, нудејќи им на гледачите …

error: Содржината е заштитена!