Почетна / МК Сцена / Видео | Антониа како Бритни Спирс блесна на сцената на Пинк

Видео | Антониа како Бритни Спирс блесна на сцената на Пинк

Во новото издание на “Ѕвездичките на Пинк” се претстави нашата учесничка Антониа Гиговска. Во стилот на веселите деведесетти, Антониа ја отпеа “Baby one more time” од тогашната тин ѕвезда Бритни Спирс и очекувано, со сите пет гласа на жири комисијата помина директно во следниот круг од натпреварувањето каде ќе има нова задача и предизвик за сцената на Пинк.

Беше феноменлна како и секогаш, феноменално ја заврши вечерта. Бритни никогаш вака не ни пеела, но ти ја победи во нашиот натпревар – искоментира Леонтина по настапот на нашата ѕвезда.

Коментарите на останатите членови на жирито погледнете ги во недела во 19.15 часот на Алфа, кога и ќе се емитуваа оваа емисија на Ѕвездичките. И оваа сезона, Македонија ја има можноста да навива за нашата Антониа, која несомнено нема шоу и фестивал каде нема освоено награда. Во продолжение погледнете го настапот на Антониа и следете ги Ѕвездичките во недела на Алфа :

https://www.youtube.com/watch?v=MOaXNT3Bip8

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Владо Јаневски на 8 август во Антички театар во Охрид

Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен …

error: Содржината е заштитена!