Почетна / Филм / Потресна драма и канадски трилер во саботното кино на МТВ 1

Потресна драма и канадски трилер во саботното кино на МТВ 1

Прказна за две момчиња од Бруклин кои се препуштени сами на себе. Кога мајката на едното момче, 13 годишниот Мистер, ја апси полиција, тој е оставен самиот да се грижи за себе и се обидува да преживее. Мистер се здружува со Пит, исто така напуштено 9 годишно дете и тие двајцата се снаоѓаат како знаат и умеат, вешто избегнувајќи ја социјалната служба и бандите од Бруклин.

Oва е сижето на вечерната американска драма “Неизбежниот пораз на Мистер и Пит” на Прва, којa ќе ја следите во 20.15 часот.

Во 23.55 часот, пак, на истиот канал ќе се емитува “Прифатилиште за кучиња”, канадски психолошки трилер во кој главните улоги припаѓаат на Адам Бачер, Шејн Кипел и Матео Моралес.

Три момчиња пристигнуваат во поправен дом. Како и во секој друг, вистински поправен дом, постојат конфликти кои се решаваат на разни начини. Ним, најголеми проблеми им создаваат „ закоравените“ стражари, со кои особено секогаш се расправа Буч. Нему му е особено тешко да почитува толку правила и секогаш настојува да ги крши. Единствен начин тројцата да преживеат во домот е да се борат до крај.Како и во секој друг, вистински поправен дом, постојат конфликти кои се решават на разни начини.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Празнично балканско кино на Телма со Арнериќ и Живојиновиќ

Празнично на Телма телевизија балканско кино во 19.15 часот. Овој вторник (23 октомври) ќе се …