Почетна / Забава / Преку седум мориња со Влатко Лозаноски
Влатко Лозаноски - Лозано на ТВ Пакет

Преку седум мориња со Влатко Лозаноски

Среда, 6-ти јуни, е денот кога сите оние кои со нетрпение го очекуваа долгонајавуваниот албум на Влатко Лозаноски- Лозано, ќе можат да се препуштат на уживањето во новото музичко издание на најдобриот машки вокал во Македонија. Второто дискографско остварување на Лозано е насловено „Преку седум мориња“ и содржи 11 песни, меѓу кои се наоѓаат хитовите кои веќе и се познати на публиката „Летам кон тебе“, „Како ден јасно е“, радискиот хит за 2011-та „Кога мене ќе ме немаш“ и „ Нема ден, нема ноќ“

 

Влатко Лозаноски - Лозано на ТВ Пакет

 

– Во новиот албум ќе слушнете песни од различни музички правци, но сепак во секоја од нив е задржан белегот на мојата интерпретација. Ќе слушнете балади, поп-рок песни, реге и хаус звуци и сите тие ја содржат енергијата која со мојот продуцент Лазар Цветкоски ја внесовме работејќи го албумот. Сакавме малку да експериментираме со музичките стилови, па токму затоа ќе слушнете и теми какви до сега не сум изведувал, а кои внесуваат свежина во целото издание. Верувам дека секој кој ќе ги слушне 11-те песни содржани во „Преку седум мориња“ , ќе се пронајде барем во една од нив – изјавува Лозано.

 

Супервизор и главен музички продуцент на новото ЦД остварување на Влатко е Лазар Цветкоски, а сите песни се снимени и мастеризирани во неговото студио ЛЦВ. Автори на песните се Влатко и Лазар, а како трекстописци  се јавуват Магдалена Цветкоска, Раде Врчаковски- Врчак, Милан Миланов, Марија Лозаноска и други.  Албумот кој од петок обожавателите и почитувачите на музиката на Лозано ќе можат да го набават во сите киосци, бензински пумпи, Тобако Тугедер салони и сите музички продавници низ Македонија,  го издава План Б Продукција, под чија закрила од неодамна се наоѓа Лозаноски.




Гоце | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!