Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #54 |Alevosía

Предавство, епизода #54 |Alevosía

 

 

По посетата на Луз Марија која видно ја вознемири Анхелес, Анхелес му се јавува на Октавио и од него бара по секоја цена да го најде момчето психопат на Луз Марија.

Трини глуми дека е тажна поради тоа што Моника мсета дека е со нејзиниот татко само поради парите и низ солзи му се исповеда на Алваро. Алваро кој е лудо вљубен во новата сопруга не е ни свесен каква двојн аигра игра таа.

Анхелес дознава дека Луз Марија повторно живее во станот со Густаво и добива љубоморен напад.

Нати ја известува Лусија за тестаментот кој го оставила Чоле и дека бара истиот да биде прочитан пред целата фамилија.

Во меѓувреме, Хулијан е љубоморен поради прстојната венчавка на неговата поранешна љубов Нативидад. Му признава на својот колега дека сеуште е вљубен во адвокаткта и дека нема да може да се појави на венчавката.

Лусија случајно дознава дека е бремена. Ваквата вест ќе ја шокира идната мајка а докторот и вели дека шансите за жена во нејзина доба да остане бремена е вистинско чудо.

Полна со радост, Лусија веднаш од болницата се упатува кон станот на Густаво за да го извести за среќаната вест, но вратата од станот ја отвара Луз Марија и Лусија одлучува да премолчи.

Октавио му признава на Густаво дека неговата тетка ги примила парите од Анхелес Соријано. Бесниот хирург веднаш телефонски ја бара Анхелес и и вели дека ќе и ги врати сите пари и и префрла дека парите не се замена за љубов.

Следниот ден, во вилата на Лусија се чита тестаментот на покојната Чоле. Старицата кој анема друга фамилија, ги оставила сите свои добра на три еднакви дела меѓу Анхелес, Сесилија и Диего. Погодена од ваквиот  чин, Анхелес го напушта салонот, плачејки. 

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …