Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (30. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (30. продолжение)

Анибал почуствува како му се заледува крвта во телото. Како ќе ги погледне во лице своите родители кога Лукреција ќе им ја каже вистината?! Како ќе реагира неговата мајка кога ќе дознае дека бил интимен со својата тетка? Како ќе реагира неговиот татко кога ќе дознае дека ја љуби жената која треба скоро да му биде тешта?
– Што треба да знаеме за Анибал?, – праша Естер.
– Анибал нема да се ожени со Алисиња! Ми шери ќе се ожени со мене!, – додаде крајно театрално, павтајки со рацете во воздухот.
Алис која само што беше влегла во просторијата ја прекри устата со своите раце кога ја забележа својата мајка, полугола среде дневната просторија.
Естер со подотворена уста погледна во својот постар син кој стоеше како статуа.
– Како можеш да кажеш нешто такво?, – извика Фаусто колку што го држеше гласот. – Оваа жена е само за во санаториум!
– Не, не, не, – дотрча Алис. – Не и обрнувајте внимание чичко Фаусто. Мама само се шегува.
– Естер, те молам погрижи се за твојата луда роднина!
– Секако, извинете, – покорно рече Естер и заедно со Алис ја изнесоа Лукреција од собата.

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 30 – „Браќа“

 

Анибал почуствува како му се заледува крвта во телото. Како ќе ги погледне во лице своите родители кога Лукреција ќе им ја каже вистината?! Како ќе реагира неговата мајка кога ќе дознае дека бил интимен со својата тетка? Како ќе реагира неговиот татко кога ќе дознае дека ја љуби жената која треба скоро да му биде тешта?
– Што треба да знаеме за Анибал?, – праша Естер.
– Анибал нема да се ожени со Алисиња! Ми шери ќе се ожени со мене!, – додаде крајно театрално, павтајки со рацете во воздухот.
Алис која само што беше влегла во просторијата ја прекри устата со своите раце кога ја забележа својата мајка, полугола среде дневната просторија.
Естер со подотворена уста погледна во својот постар син кој стоеше како статуа.
– Како можеш да кажеш нешто такво?, – извика Фаусто колку што го држеше гласот. – Оваа жена е само за во санаториум!
– Не, не, не, – дотрча Алис. – Не и обрнувајте внимание чичко Фаусто. Мама само се шегува.
– Естер, те молам погрижи се за твојата луда роднина!
– Секако, извинете, – покорно рече Естер и заедно со Алис ја изнесоа Лукреција од собата.

Подготвувајки го ручекот во кујната, Марија Грација забележа непријатна миризба која доаѓаше од толчникот во садоперот. Пријде до садот и го принесе до своето сетило за мирис. Одеднаш и стана јасно.
– Кристина, – и се обрати на својата сестра. – Што си правела со ѓаволската тревка во зделава?
– Што се случува овде?, – праша Енцо кога влезе во кујната, жеден за вода.
– Кристина спремила ѓаволска тревка во здлеава и ја измешала со храната на госпоѓа Лукреција. Кутрата жена парадира како луда низ куќата.
– Што сум јас виновна што и откажале жичките на таа лудача, – ноншаланто одговори Кристина и продолжи да си ја врши својата работа.
– Ти добро знаеш како делува оваа тревка на луѓето!
– Дали е вистина она што го зборува нашата сорела, Кристина?, – ја праша Енцо.
– Ако некој и подметнал тревка на таа лудача, тогаш тоа е Марија, сите знаат дека е вештерка.
– Единствена вештерка во просторијава си ти!, – избувна Марија Грација. – Ќе те пријавам веднаш на дон Фаусто за да те истера од фазендата!
Пред да истрча од кујната, Енцо ја запре својата сестра. Ја задржа за рака, па пријде до масата каде што работеше Кристина.
– Погледни ме. Дали си ти одговорна за она што и се случува на госпоѓа Лукреција?
– Таа жена немаше право така да ме третира, го заслужува само најлошото.
– Гледаш?, – крикна Марија Грација. – Што ти реков дека Кристина е виновна!

Кога Елиса влезе во собата на Лукреција, не можеше да поверува во глетката што ја гледа. Нејзината мајка заедно со Алис се обидуваа да ја скротат нејзината тетка која сакаше да ги покаже градите на работниците преку прозорецот.
– Елиса!, – крикна кога ја здогледа својата внука и одеднаш заборави а работниците. – Елисиња! Цветче мое.
– Што се случува овде, мамо?
– Алисиња, дали некој друг пат Лукреција била ваква?, – Естер ја праша својата внука.
– Не ваква…Еднаш, по една забава во Париз, танцуваше од такси возилото до апартманот, но никогаш не била ваква.
– Естер, тука ли си?, – Лукреција праша тивко, откако легна на креветот и почна да и се врти собата во круг.
– Да, тука сум, Лукреција, што можам да сторам за тебе?
– Каде е твојот згоден љубовник кој го криеш од сите? Донеси го…
Естер за момент престана да го чуствува отчукувањето на своето срце.
– Љубовник?, – праша Елиса. – Што сака да каже тета Лукреција со тој љубовник, мамо?
– Твојата тетка не знае што зборува, Елиса.
– Но, спомена љубовник.
– Љубовникот на Естер, – продолжи Лукреција. – Најзгодниот маж на Темпестад.
– Не зборувај бесмсилици, те молам, – ја прекори Естер.
Додека владееше напната атмосфера во собата, влезе Марија Грација, со пијалок за Лукреција.
– Мислам дека е најдобро да не пие ништо, Марија, – рече Естер.
– Но, госпоѓо, јас сум видела ваква личност и со овој лек веднаш ќе и биде подобро, – инсистираше готвачката. Занеше многу добро дека само тој лек може да го прочисти организмот на Лукреција од ѓаволската тревка. – Верувај те ми, госпоѓо, ќе и биде подобро за час. Само погрижете се да го испие цел филџан.
– Дали сте сигурна дека ќе и биди подобро?, – праша Алис.
– Полошо не може да и биде, – рече Естер па го зеде филџанот со лековити тревки од рацете на Марија Грација.

Клекнат на колена пред Распетието во капелата, Анибал се молеше за состојбата на Лукреција. Малку недостасуваше во овој момент сите да знаат дека тој се гледа со својата тетка.
– Анибал, – до него допре гласот на неговиот татко откако влезе во капелата. – Јасно е дека онаа лудача е пијана или нешто слично, но…
– Баш во овој момент се молев за неа, татко.
– Но, пијаните и лудите секогаш ја говорат вистината.
– Што сакаш да кажеш, татко?
– Дали си бил со Лукреција? Дали има нешто помеѓу тебе и мајката на твојата вереница?
Анибал подголтна кнедла во грлото, гледајки со страв во очите во својот татко.
– Дали си бил со Лукреција? Дали има нешто помеѓу тебе и мајката на твојата љубовница?
– Не…јас, – почна да пелтечи.
– Не ме лажи, Анибал.
– Јас не сум во состојба да направам таков грев, татко.
– Подобро за тебе, бидејки ако е вистина ќе те казнам како што не можеш ни да замислиш. Ќе те унаказам засекогаш, Анибал.

Кога падна ноќта, се запали огнот во каминот. Иако престана да врне, невремето остави студ зад себе. Алис слезе во дневната просторија откако ја остави Лукреција да спие спокојно во својата соба. Се беше некако тивко таа вечер. Рикардо ставаше цепаници во каминот, додека Фаусто ја допушуваше пурата удобно сместен на фотелјата. Сега кога сонот полека ги совладуваше, кога Елиса одвај можеше да го протне конецот во дупчето на иглата, кога Естер почна да размислува за Енцо и кога се слушаше завивањето на ветрот однадвор, Алис пријде до пијаното, го подигна лакираниот поклоп и со своите тенки и долги прсти почна да удира по дирките. Анибал ја затвори книгата која дотогаш ја читаше, а Естер благо се насмевна.
– Засвири една полка, Алисиња, – ја замоли Фаусто на сечие изненадување.
Алис се насмевна и со прстите зафати нов живот преку дирките. Присутните се насмевнаа и заплескаа. Елиса стана од софата, го остави плетивото и почна да игра на мелодијата.
Марија Грација која во моментот влегуваше во просторијата со мате и колачиња од пченкарно брашно пријатно се изненади. Не помнеше од кога куќата не била вака жива. Елиса и рече да го остави послужавникот и ја подаде десната рака за да и се придружи во играта. Зелените очи на италијанката засветкаа, додека нејзините нозе под суќната го следеа ритамот на мелодијата. Естер исто така стана од софата и им се придружи.
Естер му ја подаде својата рака на Рикардо и двајцата како на бал продолжија да танцуваат по салонот осветлен од немирниот оган во каминот. Фаусто се смешкаше, што беше реткост. Музиката ги исполнуваше неговите уши и негоото срце.
Алис нагло престана да свири. Жените сеуште се смееа. Елиса не можеше да дојде при себе. Гледаше колу себе, луѓето се вртеа во круг околу неа.
– Ти се врти во главата, мила?, – го слушна мајчиниот глас. Елиса одрекна, се насмевна и се врати на своето место на софата. Нештата почнаа да си доаѓаат при себе.
– Веќе е доцна, – рече Фаусто, станувајки од фотељата. – Време е да одиме на спиење.

Студената ноќ се претвори во сјајно зазорување. Како да немаше ни трага од времето кое косеше цели два дена. Песната на птиците повторно се слушаше меѓу дрвјата, додека росата полека лизгаше по зелените површини, а маглата се издигаше над пампата. Ќе биде убав ден, помисли Антенор кога излезе од бараката и се упати кон фазендата.
– Се надевам дека тетка Лукреција ќе биде подобро денес, – младиот Рикардо му рече на својот татко додека излегуваа од куќата.
– Таа жена е луда и не заслужува да биде подобро, – рече Фаусто. – Каков е тој коментар дека ќе се омажи за Анибал?! Ги премина сите граници. Не сакам пијаница под мој кров. Но, денеска ме мачи нешто посериозно. Мораме да ги елиминираме сите докази дека дел од Темпестад му припаѓа на Енцо Анџели. Мораме да ги сокриеме сите докази пред да е предоцна, Рикардо.
– Не грижи се. Зборував со еден мој пријател кој има пријател нотар и може да ги поништи тапиите на кој нана Тили вели дека Енцо Анџели има дел од имотот.
– Немам никаков сомнеж дека мојот покоен татко бил под притисок штом му оставил дел од оваа земја на тој ништожник.
– Ќе одам сега да ја завршам работата и да го платам нотарот за услугата која ни ја прави, – додаде Рикардо откако Антенор му го донесе коњот пред тремот.
– Еве ги парите, – рече Фаусто, вадејки ја торбата од своето рамо. – Биди внимателен, Рикардо. Се работи за голема сума пари.
– Немај гајле, татко, – го смируваше помладиот син пред да се качи на коњот.
– Рикардо. Треба да се гордееш. Имам комплетна доверба во тебе, синко, – рече Фаусто пред Рикардо да одјава кон селото.

Првото нешто кое Лукреција го виде пред себе по долгата ноќ, беше лицето на својата роднина Естер.
– Лукреција…Ме слушаш?
Зборовите и се повторуваа како некое далечно ехо а целото тело ја болеше, се чуствуваше како да ја прегазил воз.
– Естер, – одвај успеа да изусти.
– Дали знаеш каде сме?
– На Темпестад.
На Естер и падна товар од градите кога го слушна точниот одговор од страна на својата роднина. Знак дека Лукреција се чуствува подобро.
– Мојата глава…Што се случи?
– Сношти имаше мал напад на лудило, – одговори Естер милувајки и ги рацете. Се обидуваше на најбалг начин да и пренесе за стореното бидејки беше повеќе од очигледно дека Лукреција не се сеќава.
– Што?
– Да…Кажуваше некои неповрзани работи. Кажа дека јас имам љубовник.
– Не можам да поверувам, Естер. Те молам извини, – искрено и од срце ја замоли Лукреција, одвај успевајки да ја подигне својата глава од јастукот. – Не знам ни што се случило, се чуствувам како да сум спиела со денови.
Чукање на вратата. Без дозвола, Антониета влезе во собата.
– Како се чуствувате, госпоѓо Лукреција?
– Многу подобро, – одговори Естер во нејзино име.
– Естер, морам да разговарам за нешто со тебе, – додаде домарката. – Дали можеш да излезеш?
– Веднаш ќе слезам, – рече Естер, не можејки ни да претпостави за што станува збор.
Стана од креветот и се извини на својата братучетка и излезе од собата.
– Што се случило?, – ја праша Антониета откако излезе во ходникот.
– Верувам дека знам на што се должи состојабата на Лукреција.
– Кажи ми тогаш.
– Магии.
– Но кој можел да и направи магија?, – Естер навистина не можеше да замисли кој би можел на таков поган начин да и наштети на нејзината роднина.
– Сестрите Анџели. Сигурна сум дека е нивна вина.
– Дали си сигурна во тоа што го говориш, Антониета? Имаш докази?
– Не, но зарем не е чудно што Марија Грација и донесе тревка за да заздрави?!
– Тоа не е доказ дека Марија е виновна.
– Ако успеам да докажам дека Марија Грација е виновна за тоа што се случи, вети ми, Естер дека ќе ја истераш од фазендата. Марија и таа нејзина сестра проститутка имаат пакт со ѓаволот. Биди внимателна со нив.

Времето за појадок Енцо го искористи да прочита некоја страница од романот кој не можеше да го остави. Го позајми од фазендата по препорака на Естер и навистина уживаше во секоја страница. Во един миг, тивката идила во колибата ја прекина некаков шум, лист хартија беше протнат под вратата и брзи чекори на истрчување во спротивната страна. Додека Енцо стана од масата и ја отвори вратата веќе немаше никого, само тоа писмо под неговите нозе. Ја зеде хартијата, се врати назад на масата, го отвори пликото и почна да чита на глас;
– „Енцо, сакам да те видам. Денот минат без тебе е преголем доказ за мене. Ќе те чекам на полноќ во градината.„

Денот се претвори во преубаво попладне со црвено небо на едната и зајдосонце на другата страна. Лукреција мораше да пропушти така убав ден, затворена во својата соба. Постојано беше под надзор на некого. Елиса која таа вечер беше задолжена за неа, излезе од собата со изговор дека ќе оди по чаша вода во кујната. Анибал, кој на готовс чекаше Лукреција да остане сама, како крадец во ноќта се прикраде и без најава влезе во собата. На лицето на Лукреција се рашири широка насмевка кога го здогледа.
– Анибал, ми шери. Не знаеш колку ми недостасуваше цел ден. Помислив дека нема да дојдеш да ме видиш.
– Се чуствуваш ли подобро?
– Како нова. Ми кажуваат што се случило и не можам да поверувам. Сум ја пропуштила најзабавната агнедота во мојот живот.
– Не беше баш толку забавно како што ти се чини, Лукреција.
– Само не можам да замислам што ми се случило.
– Јас, – продолжи тој помалку срамежливо, седнувајки крај неа на креветот. – Не можам да мислам на она што го кажа вчера.
– Заборави бидејки ни јас не се сеќавам што сум кажала.
– Рече дека ќе се омажиш за мене.
– Тоа сум го рекла?, – праша таа, хистерично смеејки се.
– Прости, но што има тука толку смешно?
– Тоа што ти треба да се ожениш со мојата ќерка Алисиња.
– Да, но…Мене лично не би ми пречело да продолжиме со нашето.
– Анибал, добро знаеш дека тоа е невозможно.
– Зошто? Затоа што си вљубена во Енцо Анџели?
– Што? Но, од каде сега тоа?
– Го слушнав татко како бара од тој човек да се одалечи од тебе.
– Анибал…јас не сум вљубена во ниту еден маж. Ниту имам намера да се вљубам во скоро време.
– Тогаш што чуствуваш за мене?
– Ти…Ти си моја страст, мој копнеж…, – одговори таа, ставајки ги своите раце на неговото детско лице, погледна во неговите искрени, црни очи и ги зароби неговите наивни усни со своите сензуални бакнежи.
– Лукреција, но, јас те љубам…
– Анибал, те молам, не ми го комплицирај животот. Јас сум жена која живее за моментот, – додаде таа и го турна на постелата. Почна да го раскопчува неговиот ремен, но Анибал изрипа како попарен со врела вода.
– Ако не ме љубиш, ова е крај на нашето, – додаде решително и излезе од собата.

Продолжува утре…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …