Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #15 |Alevosía

Предавство, епизода #15 |Alevosía

 

Диего поминува интересно поплдне со Моника, пријателката на неговата сестра Сесилија. Сфаќа дека со девојката делат слични пасии кон музиката и литературата. Импулсивната Моника го бакнува повлеченото момче за разделба.

Каетана и Естер ја посетуваат Анхелес во болницата а таа ги вади завоите од лицето пред нив за да ги праша што мислат. Двете пријателки се шокирани од драстичната промена. Анхелес им вели дека и неа и било чудно, но дека сфатила дека најважно е што е жива, без разлика што ликот и е непрепознатлив. Им вели на пријателките дека ќе започне нов живот со новото лице.

 

Игнасио и кажува на Трини дека ќе купи нова вила каде што ќе живее со својата ќерка миленичка Анхелес. Трини самата се нуди да живее со нив, ветувајки му дека ќе и биде добра мајка на девојката каква што таа никогаш немала.

Лусија е нервозна поради престојниот состанок со акционерите во клиниката и бара правен совет од својата пријателка Нати како да псотапи.

Истовремено, Октавио се јавува кај Чоле и ја известува домарката дека состанокот на акционери во клиниката е одложен за еден час подоцна. Чоле и ја пренесува веста на Лусија, несвесна дека тоа е само план на Октавио и Игнасио да ја претстават Лусија во лошо светло пред акционерите.

Хулиајан ја прашува својата пријателка Нати дали е сменето нешто меѓу нив, поради нејзината промена кон него во последно време, но таа го лаже дека само е потрупана со работа и дека ништо не е сменето. Она што не му го признава е дека не го гледа исто откако тој изјави љубов, бидејки таа ги нема истите чувства за него.

Лусија доцни цел час пред акционерите кои се собрани на месечен состанок во клиниката. Збунета, жената се брани пред луѓето кои ја обвинуваат дека не го цени нивното време.

На крајот, акционерите се едногласни дека за директор во клиниката треба да остане и да продолжи со функција Игнасио. Лусија се чувствува поразено.

Анхелес и вели на својата пријателка Трини дека свечено ќе се појави како нова на балот под маски кој го организира болницата следната недела.

–          Одвај чекам да ги видам лицата на луѓето кои ќе ја видат и запознааат новата Анхелес Соријано, – девојката подло се намсевна под завојот на лицето.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!