Почетна / Спорт / Еуроспорт ќе го пренесува снукер турнирот Шангај Мастерс

Еуроспорт ќе го пренесува снукер турнирот Шангај Мастерс

 

World Snooker и Еуроспорт најавија соработка за преносот на турнирот Шангај Мастерс. Овој турнир неодамна е додаден во светскиот календар на натпреварувања, а сега е договорен и пренос на Еуроспорт, кој инаку ги пренесува најзначајните снукер натпревари.

 


 

Шангај Мастерс ќе започне на 13, а ќе заврши на 18 ноември. На турнирот ќе настапат најдобрите светски снукер играчи како Рони О ’Саливен, Џон Хигинс, Марк Селби, Џуд Трамп како и Динг Џинхуи кој ја брани титулата од минатата година. Шангај Мастерс се игра од 2007 година. Оваа година за наградата од 700 000 фунти ќе се борат 64 натпреварувачи, а Еуроспорт ќе врши пренос во 54 земји ширум Европа.

Оваа сезона на Еуроспорт не очекуваат World Championship, UK Championship, The Masters и Home Nations series натпреварите во снукер.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗОИ 2018, СП фудбал 2018 и „Сите наши песни”, дел од програмата на МТВ 3

По барање на многумина, ве известуваме за програмската шема на спортско забавниот канал на Македонската …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!