Почетна / Сапуници / Нова турска серија „Стара приказна“ на ТВ 21 во 12:30 часот

Нова турска серија „Стара приказна“ на ТВ 21 во 12:30 часот

 

Нова турска серија со македонски титл

 

Од понеделник до петок на новата двојазична телевизија ТВ 21 се емитува новата турска серија “Стара приказна”. Се работи за серија, снимена во 2013 и 2014 година. На ТВ 21 со албански титл ќе се емитува во 20 часот, а на македонски јазик од понеделник до петок во 12:30 часот. Во продолжение ве запознаваме со приказната на оваа серија за љубовта, интригите и криминалот :

 

 

Содржина :
Само човекот како живо суштество е во состојба да разбере и да подржи друго битие. Ова е приказна за Мете кој уште како дете, бил сведок на убиството на неговиот татко и од тогаш неговото срце е полно со гнев и желба за одмазда. Неговиот ум не може ниту да разбере, ниту да поддржи. Тој целиот живот го минува трагајќи по убијците кои ја згазиле честа на неговото семејство.

Со секој негов план тој е се’ поблиску до одговорните за убиството, а неговата желба за одмазда расте се’ повеќе откако ќе почнат да му прават препреки на патот кон правдата. Неговото срце почнува да живее дури оној миг кога ќе ја запознае Туркан и ќе се вљуби во неа. Од тој момент вистинскиот начин да се дојде до правда ќе се судри со патот на одмаздата, затоа што тука се Туркан и пријателите кои ќе му го променат размислувањето на Мете, и ќе влијаат на неговата психолошка состојба и одлуките.

 

 

Врската на Мете и Туркан е романтична и слатка, но дали таа ќе може да се одржи? Мете дознава дека мафијашот Мурат Бозитепели е убиецот на неговиот татко, па за да му дојде поблиску до трагата, решава да и се приближи на неговата ќерка Есра, која се вљубува во Мете. Мете ќе мора да глуми дека е заљубен во Есра, не знаејќи дека неговата игра засекогаш може да стави крај на љубовта со Туркан.

Улоги: Buğra Gülsoy (Мете), Funda Eryiğit (Туркан), Murat Daltaban (Мурат), Damla Debre (Есра), Osman Alkaş (Садри)

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!