Почетна / МК Сцена / МТВ е подготвена за „Цветници 2013“

МТВ е подготвена за „Цветници 2013“

 

Во вторник на 23. април во Универзалната сала со почеток во 20:30 минути, започнува 14–от фестивал на народна музика. Фестивалот на новосоздадена авторска фолк музика „Цветници“ оваа година со ревијален карактер. На сцената во фестивалскиот дел ќе се претстават 16 нови композиции отпеани од страна на Милица Кузмановска, Наум Петрески, Виолета Томовска, Група Арија, Зуица Лазова, Ирена Спасовска и уште многу други еминентни фолк музичари.
 
Македонската радио телевизија ја обновува традицијата на единствениот фестивал на нови фолк мелодии, во духот на македонската мелопоетска традиција – Цветници 2013 година. Со целосен настап во живо ќе учествуваат дел од најреномираните авторски и интерпретаторски имиња од македонската музичка сцена и од големиот народен оркестар на македонската радио телевизија. На Цветници 2013 покрај фестивалскиот дел, ќе има и ревијален дел на кој ќе ги чуеме: Виолета Томовска, Благоја Грујовски, Нино Величковски, Миле Кузмановски и Наум Петрески со нивни веќе отпеани песни.

 

 

На фестивалот, постхумно ќе се доделат две награди за животно дело на двајца истакнати автори, аранжери, музички продуценти и уметнички директори на фестивалот Цветници: Мате Грујовски и Миодраг Божиновски. Во нивна чест ќе се исполнат две нивни хит песни со дел од нивните соработници, а етаблирани интерпретаторски имиња на македонската фолк музичка сцена заедно со големиот народен оркестар на Македонската Радио телевизија. Билетите се пуштени во продажба по цена од 150 денари на касата на Универзална Сала, Скопје. Снимка од фестивалот „Цветници 2013-та“ година ексклузивно ќе се емитува на големиот христијански празник Цветници, на првата програма на МТВ со почеток во 21 часот.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антонио Тасевски им пее на нашите иселеници во Америка

Македонскиот пејач кој веќе 15 години живее во Америка, Антонио Тасевски е редовен гостин на …

Leave a Reply