Почетна / Телевизија / Ненад е новиот водител во забавното шоу „Нешто се крчка“ на ТВ 21

Ненад е новиот водител во забавното шоу „Нешто се крчка“ на ТВ 21

 

Урбано македонско шоу со Ненад на ТВ 21

 

 

ТВ шоуто “Нешто се крчка” кое се емитува секој понеделник во 21.30 часот на ТВ 21 добива нов водител. На местото на Марјан Ѓоргиевски доаѓа Ненад Ѓоргиевски, кој ќе биде домаќин на многу познати јавни личности.

 

 

Во емисијата освен разговори со гостите, истите ќе имаат можност и да ги покажат своите кулинарски вештини и да откријат и по некој рецепт.

 

 

Во првата емисија, гости на Ненад беа Дани, Викторија Лоба и Марко Новески. Гостите имаа можност да покажат како знаат да прават палачинки, а покрај нив, забавата ја надополни и бендот во емисијата кој пее познати македонски поп рефрени.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ΜΡΤ во 2024-та со најдобар финансиски резултат во последните години

Во 2024 година вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години, согласно …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!