Почетна / Серии / Што ќе се случи во последната сезона на “Озборувачка” на МТВ 1

Што ќе се случи во последната сезона на “Озборувачка” на МТВ 1

 

Шестата сезона открива – Кој се крие зад Озборувачката?

 

 

Веднаш по завршувањето на петата сезона, МТВ 1 продолжува со емитување на шестата и последна сезона на светски најпопуларната тинејџерска серија во последните 20 години – Gossip girl. Иако фановите на серијата своевремено ја следеа приказната преку интернет и на големо коментираа со кого ќе завршат Блер, Чак, Ден, Чак, сепак еве им повторна прилика да уживаат во последните епизоди на “Озборувачка”. ТВ Пакет ве потсетува што ќе се случува во шестата сезона на Озборувачка на МТВ 1, од понеделник во 21.20 часот.

 

 

 

Припадниците на елитата се собираат на Апер Ист Сајд. По кратката средба во странство, Чак и Блер си даваат заедничко ветување од кое повторно ќе се разделат. Со помош на неочекуваниот сојузник Џорџина Спаркс, Нејт пишува книга која може да донесе само неволи. Во меѓувреме, како единствен шеф на Спектејтор, Нејт сам ги донесува одлуките и е подготвен на пресметка со Озборувачката. Серена ван дер Вудсен е исчезната, а не може да ја пронајде ниту Озборувачката, блогерката сезнајка. Пријателите на Серена се плашат од најлошото, но сепак се надеваат дека ќе ја пронајдат. Кога сите заедно се здружуваат да ја пронајдат исчезнатата Серена, ќе се шокираат од она што ќе го откријат.

Во меѓувреме, Блер му го отвора своето срце на Чак. Но, ќе биде ли нејзината љубов доволно силна за Чак да го врати своето царство? Нејт Арчибалд е решен конечно да го открие вистинскиот идентитет на Озборувачката и да го прослави Спектејтор, но и себеси. Меѓу Лили и Руфус избива конфликт, кога Руфус наоѓа нов сојузник кој ќе и се закани на Лили и на нејзиното семејство. Ајви, која е секогаш расположена за сплеткарење, ќе направи такви интриги кои нема да можат да се разрешат до крајот на оваа сезона.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов тест на љубовта во премиерната 4-та сезона на „Афера“ на ТВ 24

Психолошката драма „Афера“ ги прикажува емоционалните ефекти на една вонбрачна врска. Ноа е професор и …