Почетна / Серии / Новата американска драма „Rectify“ во 22:15 часот на Телма телевизија

Новата американска драма „Rectify“ во 22:15 часот на Телма телевизија

“Враќање во живот” – филозофска драма во 30 епизоди

Осуден за силување и убиство, за кое не знаеме дали го сторил. Но, казната морал да ја издржи и затоа 19 години поминува вистински пекол во еден затвор. Скоро половина живот, чекајќи ја смртта, Даниел минува тешки мигови на мачно место, полно со насилство, агресија и силувања, па затоа и немал прилика да созрее и израсне како сите други.

Исчекувајќи ја смтта скоро две декади, изолиран во ќелија без прозопрци и комуникација со светот, злоставуван, мачен… но Даниел за некое чудо, не го загубил здравиот разум. Ја прифатил судбината која го снашла, па научил да го цени времето меѓу секундите и го насочил кон лирање книги и авторефлексија.

Се помирил и се откажал од помислата дека ќе излезе од затворот, но откако излегува од таму, тој не е подготвен за тоа што го очекува. Свесен е за застрашувачкиот факт дека затворскиот модел на опстанок е единствен кој сега го знае, и модел кој во новонастанатите околности станува потполно неприменлив. Новата серија на Телма ќе ни претстави еден поинаков концепт на реализација, каде приказната се поставува од аспект на филозофија, длабоки дијалози, интригантни размислувања кои влегуваат во доменот на онтологијата, егзистенцијализмот и есхатологијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …