Почетна / Серии / ABC ви претставува | Malibu Country

ABC ви претставува | Malibu Country

Upfront | Malibu Country

 

Кога Риба Галагер (Reba McEntire) открива дека нејзиниот сопруг Расел, легенда на кантри музиката, ја мами со друга, нејзиниот свет се руши баш како и семејното богатство. Риба сонувала да стане кантри музичка ѕвезда, но таа ја ставила својата кариера позади одгледувањето семејство со Расел. Сега, откако мастилото на нејзиниот развод е веќе суво, Риба ги пакува нејзините работи и заедно со нејзината остра мајка Ширли, и трите деца заминуваат во сончевата Калифорнија да започнат ново поглавје. Селејќи се во Малибу тие остануваат во последното нешто коешто им остана, мала куќа на плажата. Овде таа се чувствува како „аутсајдер“. Но, со поддршката од својата фамилија, таа сака да ја започне нејзината музичка кариера одново, и да ја обнови својата шанса повторно.

Од кантри музичката суперѕвезда/извршен продуцент Риба МекЕнтајр и извршниот продуцент Кевин Абот (My Name is Eral, Reba) доаѓа враќањето на Риба на телевизиските екрани. „Малибу Кантри“ е урнебесна нова комедија за новите почетоци што ќе направат да запее вашето срце.

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата учат и се дружат со „Јана“ секое неделно утро на Канал 5

Секоја недела наутро во 10.20 часот, Канал 5 ќе ја емитува едукативната цртана серија „Јана“ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!