Почетна / Филм / Воениот ЈУ филм „Црвениот удар“ оваа недела на Алфа

Воениот ЈУ филм „Црвениот удар“ оваа недела на Алфа

 

“Crveni udar”, југословенски филм на Алфа на 29 април

 

Покрај многуте репризи, Алфа стана препознатлива и по српските филмови кои ги емитува. Недела, 18 часот и 50 минути е термин за југословенски филм на Алфа.

 

 

За сите оние ју носталгичари кои сакаат да се потсетат на југословенската кинематографија, оваа недела, 29 април ќе се емитува “Црвениот удар”, филм од 1974 година. Режијата е на на Предраг Голубовиќ, сценариото на Бранислав Божовиќ и Ратко Ѓуровиќ, а во главните улоги настапуваат Велимир Бата Живојиновиќ, Борис Днорник, Берт Сотлар и Абдурахман Шаља.

 

 

Филмот ги прати рударите на Трепча, најголемиот рудник за олово во Европа кои биле познати и по предвоените штрајкови. Но откако Германците ќе го запоседнат овој рудник кој им е важен за нивно наоружување, тогаш рударите започнуваат со диверзии. Овие луѓе, изложени на смртна опасност, во целата таа жестока и опасна ситуација и борба, ќе најдат време и за хумор кој на крајот ќе ги донесе до посакуваната цел.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинескиот филм „Последниот волк“ во сабота на ТВ 24

Во новата телевизиска сезона, телевизија 24 ќе емитува по еден премиерен игран филм неделно и …

Leave a Reply