Почетна / Филм / 50 Cent и Брус Ли во саботната филмска вечер на Сител

50 Cent и Брус Ли во саботната филмска вечер на Сител

 

“Blood out” и “The game of death” во сабота (1 април) на Сител

 

Саботна премиера на Сител. Веднаш по новата епизода од комичната драма “Добриот домаќин”, Сител телевизија ќе го емитува акциониот трилер “Крвопролевање”.

 

 

Еден локален полицаец ќе биде приморан да го остави шерифскиот беџ и да тргне во потрага по сурова одмазда за смртта на неговиот помлад брат. Неговиот брат бил убиен од гангстерската улична банда во која и самиот бил член и сега полицаецот Мајкл ќе мора да се соочи со таа група криминалци, вадејќи го на виделина нивното валкано минато и вмешаноста во трговијата со луѓе. Во улогата на Мајкл ќе го гледаме Лук Гос, а тука е и познатиот рапер 50 Сент.

 

 

Покрај “Крвопролевање”, вечерта по последните вести, во 23.30 часот, Сител тајминг за култните кинески акции. Брус Ли во нов предизвик против подземјето во уште една опасна и смртоносна игра. Ова е еден од најамбициозните филмографски проекти на иконата на боречките вештини, филм снимен во 1972 година, а довршен дури во 1978 година.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринско кино на ТВ 24 – детски авантури, европски саги и светски класици

Возбудливи детски авантури, љубовни романси, европски филмови и светски црно-бели класици ќе гледате во утринското …