Почетна / МК Сцена / Видео | „Ѕвона“ – најново изненадување од супербрендот Каролина

Видео | „Ѕвона“ – најново изненадување од супербрендот Каролина

 

За сите што ни се во срцата, а не се со нас…

И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува!

 

Долго се чекаше… долго се претпоставуваше што е следно… и конечно, нешто ново од неа. Македонскиот супербренд Каролина Гочева се враќа со нов хит. Нежната мелодија “Ѕвона” е најава за новиот албум кој со голема љубов и топлина го подготвува тимот на Каролина Гочева. По првава песна, дело на Никола Мицевски и Весна Малинова, можеме да заклучиме дека во 2018-та година нѐ очекува повторно спектакуларен албум на едната и единствена, Каролина.

 

 

Во продолжение слушнете ја “Ѕвона”, песната со која ќе уживаме во престојните празнични денови :

 

 

 Честитки, Керол. Помалку од ова не ни очекувавме.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!