Почетна / Серии / Викa од „Кујна“ се развела поради афера со колегата од серијата?

Викa од „Кујна“ се развела поради афера со колегата од серијата?

 

“Fasion people” ја одбра за најмодерна глумица на 2014-та година

 

Рускиот ситком “Кујна”, кој го пратите секојдневно на фреквенцијата на ТВ 24, за кратко време постигна светска популарност и покажа дека руската продукција допрва ќе ги освојува гледачите низ светот.

 

 

Јелена Иљиничка Поткаминска е 38-годишна руска актерка која во комичната серија ја толкува улогата на Викa, менаџерка nа францускиот ресторан “Клод Моне” околу кој се случуваат сите згоди и незгоди на јунаците во серијата.

Висока е 170 цм, тешка 52 кг, а освен во актерството, позната е и по тоа што успешно се испробала и како фотомодел, позирајќи за насловната страна на списанието “Максим”.

 

 

Руските медиуми се согласни – Јелена е врвна убавица во сјајна форма. Позната е и по учество во руската верзија на “Танц со ѕвездите” каде играла заедно со својот партнер Андреј Карпов, а одлична е и по лизгањето на мраз.

Во 2015-та година се разведува од сопругот, а жолтиот печат на големо пишува за нејзината афера со колега од ТВ серијата “Кујна”, актерот Марк Богатиријев (Макс).

 

 

Овој актер едно време дури и западнал во психичка криза, за што новинарите причината ја наоѓаа токму во неговата “Викa”. За цело време, актерите ги игнорирале натписите во медиумите и продолжиле професионално да се занимаваат со феноменот наречен “Кујна”.

 

 

Сите афери, Јелена ги демантирала така што се омажила по втор пат и тоа повторно со руски бизнисмен и претприемач, за што единствена грижа ѝ било нејзината ќерка Полина од првиот брак да го прифати новиот очув.

 

 

Во третата сезона на “Кујна”, која започнува со емитување на ТВ 24, гледаме една сосема поинаква Викa. На барање на продуцентите, таа морала да си ја скрати косата, а и да направи промени во бојата на шминката, така што на тој начин менаџерката ќе може да си ја обнови врската со готвачот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди