Почетна / Телевизија / Урбаната Скопјанка со етно балада од Каролина, помина во „Ѕвездички“

Урбаната Скопјанка со етно балада од Каролина, помина во „Ѕвездички“

 

Вака звучеше “Кој да ми запее” на сцената на Пинк

 

Македонската гордост и идна голема ѕвезда, Мина Блажев од Скопје, настапи во шестиот круг од мега шоуто “Ѕвездичките на Пинк” и успешно успеа да се пласира понатаму.

 

 

Таа се претстави со најмоќната етно балада од Каролина Гочева и со тоа ги натажи и разнежни срцата на сите во Пинковото студио. “Кој да ми запее” од грлото на Мина звучеше совршено и тоа го потврдија сите членови на жирито. Емоцијата ја примија сите, и покрај тоа што текстот можеби и не го разбрале сјајно.

 

 

За Гоца Тржан, на Мина и фалело точност за време на изведбата на втората песна, “Can’t feel my face”, но сите беа сигурни дека во баражот за неа ќе нема зима. И тоа се случи. Мина успеа да се пласира во следниот, седми круг од талент шоуто и да нѐ направи уште еднаш, нас Македонците, горди на нејзиниот глас и стас.

 

 

Оваа сезона, за жал, немаме можност да ја следиме малите, но големи Ѕвездички на македонските телевизии, ама затоа ТВ Пакет е тука да посвети простор и време за секоја наша голема надеж како што е малата Мина Блажев.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | ТВ 24 – девет години успешна ТВ приказна и постојан раст

Почна како 24 Вести во скромни услови со амбициозен тим. 9 години потоа, Телевизија 24 …

error: Содржината е заштитена!