Почетна / Серии / Теленовели / Новогодишен подарок – Бали Бег е избран за „Маж на годината во Турција“

Новогодишен подарок – Бали Бег е избран за „Маж на годината во Турција“

 

За многу скоро на тв екраните доаѓа најубавиот маж за оваа година

 

 

Бариш Ардуч, или познат како вљубениот ерген ја доби награда за “маж за 2016-та година” од престижниот магазин GQ, за што и веќе пишувавме. Омилен на сите генерации, Ергенот ги освои вашите срца во изминатава година, а во последните мигови од старата година, одбран е и Најубав маж за оваа година што изминува и маж кој повторно ќе ги одзема вашите воздишки.

 

 

Па така, најпознатиот турски актер Бурак Озџивит е прогласен за “Маж на годината во Турција”.

 

 

Најпознат како Бали бег во спектаклот “Величествениот”, овој актер е мета на секојдневни папараци кои до детал го следат секој негов чекор.

 

 

За професијата, за приватноста… очекувајте новости за овој актер во следнава 2018-та година токму на нашиот портал, кој ексклузивно се занимава со сите новости од светот на телевизијата.

 

 

Особено актуелни ќе бидат сите ексклузивитети поврзани со неговото име во следнава година и тоа не за џабе.

 

 

Македонските гледач(к)и на големо ќе уживаат во неговото згодно тело и неодолив шарм на програмата на Сител телевизија, и тоа за многу скоро.

 

 

Неговата најнова и најпродавата теленовела “Бескрајна љубов” започнува во 2018-та година. Очекувајте многу наскоро вашиот Бали Бег повторно да стане сон на секоја Македонка.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …

Leave a Reply