Почетна / Серии / Видео | Во понеделник е последната епизода од „Сенки над Балканот“

Видео | Во понеделник е последната епизода од „Сенки над Балканот“

 

21:55 часот, 8 јануари, последна епизода на Прва

 

Во понеделник, во доцниот прајмтајм на МТВ 1 ќе биде емитувана последната епизода од српската драмска серија “Сенки над Балканот”, која со емитување веќе заврши во земјите од регионот. Како што веќе на неколку наврати пишувавме, се работи за продукција која потсетува на најдобрите современи светски серии, и веќе ја освои публиката од Балканот. Во серијата провејува постмодернистичка комбинација на трилер и драма, спој на фикција и историски настани, но се среќаваме и со многу автентични ликови.

 

 

За гледачите на серијата, откриваме мал дел од настаните кои ве очекуваат веќе во понеделник во финалето на првата сезона. Танасиевиќ и Плетикосиќ продолжуваат да го спроведуваат својот план и одат кај Русите. Војна се чувствува во „воздухот“ и Русите се вооружуваат. Откако Дамјан заминува со ранетиот Киро (за кој и понатаму не знаат дека има договор со Калуѓер), на местото на борбата доаѓа Калуѓер, кој мисли дека Кројач ја средил работата со Македонците и не сфаќа дека му се подготвува замка.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатите „Чувари на плажата“ од 90-тите се враќаат на Телма

Од понеделник до петок на Телма телевизија во 17.30 часот ќе се емитува популарната американска …