Почетна / Вебновела / Запознајте ја фамилијата Ламас…

Запознајте ја фамилијата Ламас…

 

Запознајте ја фамилијата Ламас…

Лусијано Ламас (Gonzalo Vega) патријарх на моќната фамилија и глава на компанијата Фалкон. По смртта на сопругата се преженува со Емператриз, но неговите синови се против тој брак.

Себастијан Ламас (Iván Sánchez) постариот син на Лусијано кој не може да ја прифати маќеата и заминува од дома. Пет години поминува во Мадрид каде што работи како пилот на интернационални летови, а на еден таков и ќе ја сретне Каталина, која ќе му ја промени судбината и ќе го врати во родното Мексико.

Мануел Ламас (Jorge Poza) помалиот син на Лусијано кој по тешка несреќа останува инвалид. Полн со фрустрации и омраза кон постариот и успешен брат, Мануел го минува животот во обид да му го загорчи секојдневието на Себастијан.

Емператриз Ламас (Joana Benedek) е втората венчана сопруга на магнатот Лусијано. Жена која ужива во сите благодети на луксуз у глмаур. Го презира Себастијан бидејки е убедена дека тој сака да ја тргне од семејната куќа.

Страст, моќ, гламур, живот на висока нога, но и сите тајни зад кулисите во светот на богатите и славни во новата вебновела Научиме да летам.

Премиера 2ри октомври во 19:30 h.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!