Почетна / Забава / Со Џон Њуман заврши летната концертна сезона во Скопје

Со Џон Њуман заврши летната концертна сезона во Скопје

 

Британскиот миленик на публиката вчеравечер во ВИП Арената, Борис Трајковски, ја заврши концертната сезона за ова лето во Скопје. После Дејвид Гета и Енрике Иглесиас, Џон Њуман беше уште едно освежување за младите фанови кои уживаа во прекрасната музика на 26-годишниот Британец.

Препознатливите рефрени на Њуман беа отпеани во еден глас, а на неговото лице не можеше да не се забележи воодушевувањето од енергијата на публиката.

 

 

Музичарот постојано комуницираше со публиката, се поздравуваше со фановите во првите редови, им дозволуваше да го фотографираат одблизу и со своите неповторливи сценски движења и гестови уште повеќе ја загреваше атмосферата и направи вистинско шоу на сцената.

Кулминацијата се случи откако бендот и Њуман си заминаа од сцената, а публиката ги довикуваше на бис со стиховите од хитот кој ја одбележа неговата кариера „Love me again“, и кој со нетрпение се очекуваше да се слушне.

Њуман и неговиот бенд, засилен со две атрактивни вокалистки кои ги мамеа погледите на машкиот дел од публиката, се вратија на сцена и беа поздравени со бурни овации и аплаузи, а тие и им се оддолжија на своите македонски фанови со енергичната изведба на познатата „Not giving up“ која ја сними заедно со популарниот британски бенд „Рудиментал“ , и големиот хит „Love me again“која предизвика делирум во арената и ја крена публиката на нозе.

За жал арената беше полупразна и многумина кои веројатно одвоија буџет само за Енрике Иглесиас не успеаја да го погледнат спектакуларното шоу кое го понуди Џон Њуман.

 

 

фото: Авалон Продукција  

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!