Почетна / Сапуници / Ретро: Другата во мене

Ретро: Другата во мене

Се сеќавате ли на “Другата во мене”?

 

 

Нешто по завршувањето на мегахитот “Касандра”, меѓу експанзијата од латино-американски серии што ги прославија истите во Македонија, се вбројува и серијата “Другата во мене” која се емитуваше на МТВ1 во прајм-тајм. Приказната дотогаш нечуена и невидена на овие простори, животната судбина, на двете разделени идентични близначки ги маѓепса телевизиските гледачи, немаше човек кој не знаеше кои се Лилијана и Валентина и колку тие карактерно се разликуваат иако физички наликуваат како јајце на јајце. Оригиналниот наслов на серијата е “La Otra En Mi”, за неа во 1994-та година снимени се 70 епизоди. Со оглед на тоа дека се работи за особено стар телевизиски проект кој датира од период кога не царуваше интернетот, фановите на оваа серија имаат многу малку спомени од неа. Трејлерот во продолжение бил единствен и се сметал за вистинско богатство, велат форумџиите споделувајќи ги малкуте спомени од “Другата во мене”.

 

 

La Otra En Mi – Другата во мене
Број на епизоди: 70

Содржина:

Ова е приказна за две сестри. Родени во сиромашно семејство. Двете еднојајчени близначки не можат да останат заедно заради сиромаштијата во нивното семејство. Тие се разделени малку после раѓањето. Во таа ноќ, кога се раѓаат, татко им се чуди како ќе можат да ги издржат, бидејќи се многу сиромашни. Тогаш во болницата умира едно тукушто родено девојче, па на една од медицинските сестри и даваат предлог да го замени тоа девојче со една од близначките. Со многу мислење, сестрата го прави тоа што и е кажано. Така Валентина започнува живот како ќерка на милионер, а Лилијана останува крај мајка си и е осудена на сиромаштија. Двете близначки раснат во различни светови и градат различни карактери. Немаштијата, во која израснала Лилијана ја научила на труд и воспитување. Таа е мила, добра, исполнета со љубов и нежност, благодарна и на најмалото нешто кое го добива од животот. Додека пак на Валентина душата и е полна со темни и злобни чувства.

 

Богатството и злобниот свет, кои и го овозможуваат нејзините родители ја прават студена и лоша. 20 години подоцна судбината одлучува дека е крајно време двете разделени сестри да се сретнат. Еден ден Валентина преживува ужасен инцидент и ја повредува ногата. Поради што таа не може да оди и кариерата како модел и е завршена. Но Валентина не го сака тоа. Желбата да натера некој да ја замени, некој што ќе наликува на неа ја доведува до нејзината втора половина. Кој би го направил тоа подобро од нејзината сестра близначка? Случајната средба ќе им ги промени животите на двете. Кога ќе се сретнат и двете гледаат исто огледало пред себе. Не можат да поверуваат дека си наликуваат толку многу. Валентина одлучуа да ја земе во предвид можноста со непознатата, а Лилијана има потреба од пари, па затоа мора да стане модел. Тие прават Лилијана да го промени изгледот: ја менува фризурата исто како Валентина, учи да оди како модел и да се однесува како нејзината сестра. Лилијана ги освојува сите набргу и Валентина е поспокојна, бидејќи кариерата ќе и биде спасена. Но двете близначки се претвораат во ривалки кога ќе се вљубат во еден ист маж, Луис Фернандо. Што ќе се случи кога Валентина и Лилијана ќе дознаат дека се сестри…?

 

 Најавна шпица, за жал со руска надсинхронизација.

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!