Почетна / Филм / Одберете го вашиот омилен филм
SCENE 44 / EXT AMBULANCE: Nolan tries ambulance radio but no help. / Photo: Skip Bolen

Одберете го вашиот омилен филм

 

За сите љубители на одлични филмови, каналот посветен на холивудски хитови, омилени евергрини и популарни серии, FilmBox Extra нуди специјална можност да се вклучите во изборот на филм што сакате да биде прикажан. Искуство слично на on-demand, шанса да станете дел од онлајн филмската заедница и да гласате на социјалните мрежи за филмот што сакате да го гледате.Според Мурат Муратоглу, менаџер за интернационална дистрибуција во SPI International, организацијата на вакви гласања покажува колку оваа медиумска компанија е посветена на слушање и исполнување на желбите на публиката.

  • „Го почитуваме изборот на луѓето и настојуваме да изнајдеме уште поинтересни начини за да ја вклучиме публиката во процесот на креирање на филмската понуда. Се трудиме да обезбедиме содржина во согласност со вкусот на филмските фанови и го цениме фидбекот од онлајн заедницата.“

Овој месец, македонските филмофили своите гласови во најголем број ги дадоа за драматичниот трилер „Часови“, по сценарио и режија на Ерик Хејсрер и со Пол Вокер и Џенесис Родригез во главните улоги.  Денеска на  FilmBox Extra во 21 часот не ја пропуштајте приказната за Нолан Хејс кој мора да ризикува сè за да овозможи неговото штотуку родено бебе да остане во функционален инкубатор при ударот на ураганот Катрина.

Освен „Часови“, овој месец на FilmBox каналите можете да уживате гледајќи ja вестерн авантурата  „Блекторн“ на  FilmBox Extra на 19.09. во 21ч, забавната романса  „Љубов во Џаипур“ на FilmBox Stars во недела (20.09.) во 21ч, потоа акцијата „Ашер“ на 25.09. во 21ч. и крими трилерот „7 минути“ на 26.09. и двата на FilmBox Premium.

За вљубениците во одличен документарец, во вторник на 29.09. во 18ч. на Docubox се прикажува „Арката на Норин“.

Мисијата на FilmBox каналите е да понудат најдобра содржина од најголемите глобални дистрибутери и продуценти, телевизиски серии и филмови со најголемите ѕвезди, ТВ продукции од најдобрите режисери и со внимателно избрана актерска екипа. Повеќе од 300 наслови годишно имаат своја премиера на овие канали.

За SPI International

SPI International е глобална медиумска компанија која работи  42 телевизиски канали на шест континенти. FilmBox е водечкиот бренд, а SPI е еден од најголемите агрегатори на Native Ultra HD содржина во светот. Работејќи со над 700 оператори ширум светот, SPI користи најсовремена технологија со што им овозможува на своите 65 милиони претплатници пристап до линеарната и on-demand содржина на SPI, вклучително и пренос во живо на UHD и достапност на FilmBox каналите на кој било уред поврзан на Интернет преку големи светски медиумски плеери како и локалните ОТТ оператори. SPI неодамна додаде во своето портфолио Премиум филмски услуги Film1 во Холандија, вклучувајќи четири филмски канали и дигитални услуги.

Повеќе од 25 години, SPI International е водечки дистрибутер на  филмови и телевизиски програми на меѓународниот пазар. Цврстите и долготрајни договори  SPI со големите добавувачи на лиценци обезбедуваат привлечна и препознатлива содржина з која голема побарувачка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

error: Содржината е заштитена!