Почетна / Телевизија / Накова, Маријана и Франц дел од „Танц со ѕвездите“

Накова, Маријана и Франц дел од „Танц со ѕвездите“

 

Познати се сите учесници за втората сезона на едно од најпопуларните шоуа кај нас, „Танц со Ѕвездите“, кое ќе започне на последниот ден од оваа година на Македонската радио телевизија.

 

 

По минатогодишниот успех на кајакарот Атанас Николовски, оваа година за титулата „најдобар селебрити танчер“ ќе се натпреваруваат: фотомоделот Александра Накова, телевизиската презентерка Маријана Димовска, пејачката Сара Мејс, музичарот Владимир Франц, радио и ТВ-водителот Димитар Атанасовски, каратистката Наташа Илиевска, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, актерите Мартин Јордановски и Влатко Илиевски.

– Изборот како и минатата година е според одредени правила на лиценцата на BBC Worldwide, според кои мора да бидат опфатени учесници од различни категории – вели Огнен Антов, продуцент на „Дрим фактори“.

 

 

Антов најавува дека новата сезона ќе понуди повеќе танцово шоу и многу уживање за гледачите на МРТ.

– За разлика од лани, кога моравме да внимаваме многу на танцот, овој пат на гледачите ќе им понудиме повеќе забава. Токму затоа подготовките на ѕвездите овој пат се покуси, со една цел – да се види поголем напредок кај нив. Повторно ќе снимаме во најголемото телевизиско студио 1 на МРТ, со блескава сценографија и танцов подиум подготвен за новите кореографии, кои овој пат ќе имаат и промени како танцов маратон, препознавање тип музика и импровизација на кореографија на самото место – открива продуцентот.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!