Почетна / Серии / МТВ со реприза и на шведската серија „Арне Дал“

МТВ со реприза и на шведската серија „Арне Дал“

Од понеделник до петок во 21.45 часот

МТВ со реприза и на скандинавската трилер серија “Арн Дал”.

Се работи за шведската криминалистичка серија “Арн Дал” за еден елитен одред истражители. Екранизација на серијалот на романи на Јан Арналд, кој овие дела ги издал под псевдонимот Арн Дал. Екранизирал вкупно 10 романи, секој по 180 минути. Арн Дал се смета за еден од најдобрите скандинавски писатели на крими романи. Неговите книги се продадени во повеќе од 4 милиони примероци и се преведени на над 30 светски јазици.

Серијата претставува вистинско уживање за љубителите на жанрот „нордик ноар“, а во средиштето на овој мрачен трилер се наоѓа тим од одлични детективи и стручни лица кои максимално се посветени на работата. Злосторствата што ги истражуваат се свирепи и многу комплексни, а тимот мора да ги открие внатрешните мотиви на извршителите и нивните скриени цели. Серијата е скандинавски мрачна, одлично направена, и повеќепати наградувана.

Режијата е на Харалд Хамлер, а улогите ги толкуваат Малин Арвидсон, Ирене Линд, Шанти Рони, Магнус Самјуелсон.

Дани | ТВ Пакете

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!