Почетна / МК Сцена / Ликот на Тоше Проески на двокатен автобус

Ликот на Тоше Проески на двокатен автобус

 

Фановите на Тоше Проески од целиот Балкан постојано се трудат да го сочуваат споменот на нивниот најмил уште откако тој трагично го загуби животот во 2007-та година. Покрај ѕвезденото небо што традиционално го организираат секоја година на денот на последниот концерт кој Тоше го одржа во Скопје, фановите често се дел и од хуманитарни акции, баш онака како што ги учеше тој.

 

Скопјани деновиве имаат можност ликот на Тоше да го гледаат на двокатните автобуси на ЈСП. Рекламата покрај тоа што го најавува собирот, таа е и повик за крводарителска акција под мотото „Јас штотуку спасив живот, а вие?“, која беше позната реченица на нашиот хуман Тоше. Заинтересираните крводарители можат да направат добро дело од 10.00 до 18.00 часот.

 

Тагата никогаш нема да запре, но неговата големина секогаш ќе ги грее нашите срца…

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!