Почетна / Телевизија / Големиот брат / Љубовната приказна на Маја Волк го расплака Балканот

Љубовната приказна на Маја Волк го расплака Балканот

 

Маја Волк не можеше да си ги задржи солзите во исповедувалницата додека зборуваше за љубовта на нејзиниот живот. „Бог ми даде љубов на 18 години и 30 години подоцна се покажа дека тој беше прекрасен човек, прекрасен татко. Со него прв пат слушнав народна музика. Заедно и дипломиравме. Раскинавме затоа што јас почувствував дека ми се отвори вратата и оти сакав уште да истражувам“, раскажуваше Маја Волк и додаде дека тоа било голема љубов.

 

 

Сепак, таа вели дека за време на престојот во Австралија, каде преживеала тортура, сфатила дека Дуле е нејзината вистинска љубов, но оти тој за жал се оженил. „Поминуваат годините, јас се омажив за негов другар и поминав 16 прекрасни години во брак и родив три деца“, изјави Маја.

Потоа се развела и продолжила со животот. Меѓутоа, една вечер тој дошол во ресторанот кадешто таа свирела. Двајцата плачеле таа ноќ. „Плачам јас, плаче тој, плаче мојата ќерка, плаче неговата ќерка, цела кафеана плаче. Јас во тој момент сфатив дека целиот живот го промашив“, рече Маја и заплака.

Тој има прекрасен брак, прекрасно семејство, но ако некогаш биде сам, на 95 години, на 100, јас ќе го чекам.“

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …