Почетна / Сапуници / Јелена Карлеуша во харемот на Сулејман

Јелена Карлеуша во харемот на Сулејман

 

Јелена Карлеуша неодамна ја посети Турција, а таму и се случи нешто навистина неочекувано. Нејзиниот атрактивен изглед и ги отвори вратите на турската телевизиска сцена, само што Турците не ја сакаат Карлеуша како пејачка, туку како актерка!

 

 

„Јелена во Турција отишла со ќерките за да бидат со Душко, кој таму потпишал договор и игра за „Genclerbirligi“, меѓутоа, како и секогаш кога некаде ќе отиде, и се случило нешто неочекувано. Продуцентите на серијата „Сулејман Величествениот“ ја виделе Јелена пред неколку дена кога била на стадионот во Анкара и го гледала сопругот на еден натпревар. Се распрашале и слушнале за нејзината популарност во Србија, и веднаш дошле до идеја да и понудат една улога во серијата. Велат дека Јелена има специфичен и атрактивен изглед и тоа ги привлекло”, изјавува извор близок до пејачката.

„Ја викнале Јелена и ги изнеле нивните впечатоци и понудата која за кратко време ја осмислиле. На карлеуша сето тоа и изгледало симпатично, но не им дала потврда дека сака нешто такво во кариерата. Им заблагодарила на понудата, но рекла дека ќе размисли за се. Сеуште не се знае дали ќе се согласи бидејќи е преокупирана со музичката кариера и семејните обврски, но понудата многу и ласка“, додава изворот.

 

 

Сигурни сме дека султанот Сулејман го видел настапот на Карлеуша како Плава Шехерезада, па посакал и неа да ја одведе во своите одаи, и сега демек „продуцентите ја забележале“. Јелена пееше: „Јас сум плава Шехерезада, покрај мене се во вода паѓа“, што ли би рекла Берѓузар Корел на овие стихови… мала шега :))

 

Продукцијата на „Сулејман Величествениот“ веќе ангажираше позната личност од Македонија со цел да го зголемат рејтингот во оваа држава, се работи за Сабина Ајрула Тозија, а сега посегнале и по српска ѕвезда веројатно со иста цел.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!